“Конечно имаме независни институции и пример за тоа е новата Антикорупциска комисија. Ги поздравувам заклучоците и ја охрабрувам комисијата да продолжи независно и професионално да ја врши работата”, напиша кандидатот за претседател Стево Пендаровски на Твитер.
Предходно Антикорупциската комисија заклучи дека генералниот секретар на СДСМ Кирацоски кој е и шеф на изборниот штаб на Пендаровски со помош на политичко влијание сторил непотизам односно си ги вработил сестрата, бабата и дедото по што премиерот Заев побара тие да се повлечат.
Пендаровски не побара смена на Кирацоски.
Конечно имаме независни институции и пример за тоа е новата Антикорупциска комисија. Ги поздравувам заклучоците и ја охрабрувам комисијата да продолжи независно и професионално да ја врши работата. pic.twitter.com/K3zq8Yxcvo
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) April 25, 2019
Генсекот на СДСМ во небрано, ДКСК најде проблем при вработување на сестрата, бабата и дедото




