Иако самиот го потпиша Указот за измените на Кривичниот законик, со кои застаре делото против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, претседателот Стево Пендаровски бил иритиран што никој нема да одговара за прислушувањето, на кое жртва бил и тој?!
„Жално. Апсолутно ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, веројатно само за уништувањето на опремата. И јас бев една од жртвите на прислушувањето. Во некои ситуации постои спрега да се забошоти еден случај. Вие имате екстремни случаи кога имаме два дена пред пресудата еден од судските поротници оди во пензија и се враќаме на почеток на предметот… И демек никој не знаел за тоа“, изјави Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.






