Претседателот Стево Пендаровски во интервју на МРТ рече дека не треба да се дозволи одолговлекување на процесот за екстрадиција на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски од Турција.
„Случајот е прекрупен за да оставиме туку така да се одвива по некои бирократски коридори и тоа не дај Боже да трае со месеци или со години“, рече Пендаровски.
Како што рече тој размислува во следните денови да испрати порака до турскиот претседател за екстрадицијата на Љупчо Палевски да оди побрзо.






