Пендаровски ќе го даде мандатот до петок


Претседателот Стево Пендаровски најави дека до петок ќе го додели мандатот за составуавње на Влада.



Пендаровски како што соопштуваат од неговиот кабиент, се консултирал со експерти и заклучил дека парламентот е конституиран уште на 4 август и дека тече уставниот рок од 10 дена за доделување на мандатот и покрај поинаквото мислење на спикерот Талат Џафери дека доделување мандат без притоа да биде избран претседател на соврание е – спротивно на Деловникот.

„Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор.

Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции.“