Претседателот Стево Пендаровски во емисијата Вин Вин со Оливера Трајковска јавно призна дека власта во која е и тој бркала безбедносни професионалци од тајните служби со помош на прекинати безбедносни сертификати.
Зборувајќи за некоја од него замислена екипа која наводно преку посредници му предлагала да се аболицира екс премиерот Никола Груевски Пендаровски во изјава која личи на лош холивудски шпионски филм зборува за некаква група која правела ,,многу работи” и сите ја знаеле а имала и неколку надимаци.
Пендаровски не открива зошто тој или други луѓе од власта не покренале кривичен прогон против групата со кој тој е опседнат а никој освен него не може да види дали таа навистина постои.
Но Пендаровски во интервјуто во кое има неверојатно многу логички грешки признава дека власта бркала од работа поединци кои работеле за службите за безбедност но во време на СДСМ и ДУИ власта им ги одзела безбедносните сертификати по што тие биле бркани од работа.
Со оваа изјава Пендаровски во незгодна ситуација го става директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.
Ако се докаже дека Славески како директор на ДБКИ противправно на иницијатива на шефот на државата или на други лица вон процедура и без соодветни проверки одзел безбедносни сертификати и направил штета на лица и државниот буџет се соочува со прогон по членовите од членот 353 од Кривичниот законик кои беа изменети но не беа целосно избришани.
Во службите за безбедност има стотици лица кои немаат безбедносен сертификат но не се избркани од работа како што се избркани тие кои се сметаат за проблематични за власта и со кои јавно се занимава претседателот Пендаровски.
Целата емисија со крајно конфизниот настап на претседателот на овој линк на Телма
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3496356513962158&id=100033242985412&mibextid=Nif5oz





