Вечерва во Крушево, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ме информираше за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево. Наредбата како Врховен командант за ангажман на Армијата со целосен капацитет ја дадов во 16:30 минути. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани. Во текот на денот беа ангажирани над 170 припадници на Армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.
Ова вечерва го објави претседателот Пендаровски по веста дека Кочани се соочува со катастрофа.
Предходно владата информираше дека специјалните хеликоптери Канадери за гаснење пожар не се во функција затоа што не е направен сервис кој чини 400 илјади евра.
“На пат за Кочани, на народот му е потребна помош, тука сме заедно да се бориме, кога власта веќе тоа не го прави!”, објави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој тргна на пат кон местото на катастрофата.
Предходно Мицкоски праша како е можно да има хеликоптери за шетање на Заев и Филипче а сега нема хеликоптери за помош на Кочанчани.
Алармантно! Кочани цел ден се бори со огнена стихија, ИТНО целосен фокус на Владата која во моментот сама слави на Мечкин Камен. ИТНО да им се помогне на луѓето.
Имаше хеликоптер за пат од Скопје до Прилеп за Заев и Венко, а сега нема… pic.twitter.com/JMegUOmGnn
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) August 2, 2021
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1927860714056045&id=829371753904952
Што се случува со Канадерите?
Прославата на Рамковниот договор поскапа од сервисот на приземјените Канадери






