Пендаровски: Изјавите од Бугарија немаат политички легитимитет

Претседателот Стево Пендаровски препорачува јавноста овде да не се занимава со изјави од луѓе кои се’ уште не се дел од парламентарната и извршната власт во Бугарија, додека не се конституира тамошното Народно собрание и додека не се состави влада – процес кој, според оптимистички предвидувања“ нема да заврши до крајот на годинава.



„Станува збор за изјави од која било страна на доаѓаат. Дали од техничкиот министер за надворешни работи или од кандидатите на претседателските избори или пак, од оние кои треба да ја формираат идната влада, а не знаеме дали ќе ја формираат.

Тоа се изјави од луѓе кои или немаат целосен политички легитимитет или станува збор за кандидати кои допрва треба да бидат членови на владата или да формираат органи на власта во Софија“, рече Пендаровски.

Изјавите за кои говори претседателот се однесуваат на пораките од Софија дека немаат намера да ја тргнат блокадата за Македонија за почеток на преговори со ЕУ во декември.

На Бугарија во моментов ѝ претстои формирање на парламент, нова влада и втор круг претседателски избори…