Претседателот Стево Пендаровски учествува на јавни конференции за мониторинг на власта и зборува за контрола на безбедносни служби а именувал директор без поминат полиграф.
Пендаровски дава поддршка Народниот правобранител да иницира постапки за контрола на службите за безбедност а самиот не иницира истрага да провери дали шефот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој тој го именувал поминал полиграф односно тест за лаги каде ќе се утврди дали имал нелегални контакти со терористички, мафијашки или други вид криминални групи или други ривалски служби.
,,Народниот правобранител е најблиску до суштината на она што се нарекува – граѓанска контрола над власта, вклучително и врз еден од нејзините најсензитивни делови – безбедносните служби. На конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над разузнавачките и безбедносните структури, од аспект на заштитата на правото на приватност на граѓаните“, организирана од Народниот правобранител и @dcaf_geneva, ја охрабрив институцијата и сама да иницира постапки кои ќе помогнат во создавањето на нова правна и политичка култура за вистинското место и улога на безбедносните служби во демократијата”, порачува Пендровски во исто време со денови молчејќи за обвинувањето на екс министерот за внатрешни работи и екс директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев кој обвини дека Муслиу не минал полиграф.
Нити од Пендаровски ниту од кабинетот на претседателот нема демант на тврдењето на Чулев.
Шеф на моќна македонска тајна служба не поминал полиграфско вештачење (ВИДЕО)
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ми го презентираше Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.
Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за… pic.twitter.com/8yDQDP3UNz
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) November 8, 2023






