Пендаровски им го честита Илинден на „сите Македонци и македонски граѓани“ и – го растргнаа на Твитер

Менувањето на ставовите на претседателот Стево Пендаровски, за кој не било спорно дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, за денеска да се претставува како патриот, честитајќи им го Илинден на „сите Македонци и македонски граѓани“, не остана без реакција на Твитер. Напротив.



Дел од коментарите под твитот на Пендаровски не се за објавување, а од преостанатите се издвојуваат:

„За многу години нека е претседателе, си мислевме се преселивте хахахахаха“;

„’Тешко е да се стекне слободна држава, но уште потешко е да се изгради и одржи слободно и праведно општество’.

Не е слободна, заробена е. Немаме ни слобода ни права.. некои други имаат. Да живее Република Македонија“;

„Ти од кај башибозукот ли го славиш настанот?“;

„Тешко е и предавството од своите, друже нула зарез два“;

„Ама лесно е да се прекрсти, па и Уставот да ѝ го менуваш ко годишни времиња“;

„Толку ли ти е тешко да кажеш Македонија… Идејата за нов Илинден е сè повеќе жива благодарение на вас, вазалите… Името е свето и вечно ќе опстои“;

„Ја продадовте најбесрамно. Ни слобода има ни правда. Праведно и слободно општество ли е да се сликаш со убиени мафијаши што те избрале за претседател?“.