Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Бети биле вербално нападнати од две дечиња во селото на претседателот каде викендов се одржуваше манифестацијата “Галичка свадба”.
Додека Пендаровски и првата дама поминувале покрај нив две дечиња на познатиот македонски активист Гоце Панговски кон претседателот извикале “Никогаш Северна само Македонија”.

По извиците, според видеото, сопругата на Пендаровски за кратко погледнала кон децата и продолжила а претседателот воопшто не се завртел.
Инцидентот “Никогаш Северна само Македонија”, минал без интервенција на обезбедувањето на Пендаровски
Пендаровски по потекло е од селото Галичник каде денеска по пауза од една година заради короната се одржа традиционалната Галичка свадба.
Еден поздрав од мене и моите синови на денешната галичка свадба за т.н. „претседател“, карикатурата @SPendarovski
НИКОГАШ СЕВЕРНА – САМО МАКЕДОНИЈА!!! #Macedonia #Macedonians pic.twitter.com/2ubDJqfu6Z— Goce Pangovski (@Goce_Macedonian) July 18, 2021
 
             
		






