Шефот на државата го потпиша Указот Указот за специјалниот закон со кој пратениците вчера дадоа зелено светло владата со директна спогодба без тендер да склучи договор со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10.
Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник, или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти.- велат од кабинетот на Пендаровски.
Антикорупциска утринава алармираше дека законот е противуставен и е правен преседан бидејќи за конзорциумот нема да важи домашното законодавство. Предупредија – дека има висок ризик од корупција и судир на интереси. А правните празнини во него дека отвораат пат за политичко влијание и тргување со моќ. Потенцираа и дека – нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости и сплеткарења.







