За претседателот Стево Пендаровск историски нонсенс е тврдењето на Бугарија дека целата наша историја до 1945 година била бугарска и дека сѐ од 10 век до 1945 година било бугарско.



„Тие велат дека етнички Македонци постојат…но дека едно утро во 1944 сме се разбудиле и сме рекле ‘Аха, ние сега навистина сме етнички Македонци, ама вчера бевме етнички Бугари‘. Тоа е апсолутна историска глупост“, вели Пендаровски во интервју за „Еуобсервер“.

И, како што пишува Еуобсервер, не би било важно што мисли за ова прашање Бугарија, ако Софија не ги блокира пристапните преговори додека Северна Македонија формално не ги прифати нејзините ставови.

За бугарската позиција дека „македонски јазик и идентитет немало до 2 септември 1944 година и дека нивното создавање било дел од сеопфатно формирање на одделен небугарски идентитет со цел да се прекинат врски меѓу тамошното население и Бугарија“, Пендаровски вели дека „не може да прифатиме дискусија за ова прашање… тоа е лудо“.