Пендаровски ги збуни сите: Бара да се прифати францускиот предлог и во исто време го уништува систематски (ФОТО)

Претседателот Пендаровски ги збуни сите со своите нејасни пораки за прифаќање на бугарските закани и уцени.



Тој од една страна бара да се прифати францускиот предлог но во исто време го уништува систематски со своите објаснувања според кои попусто Македонија ќе рече ДА кога Бугарија ќе не блокира за сите прашања кои Македонија објективно нема да може да ги прифати.

Еден од примерите кои ги дава против прифаќањето на францускиот предлог е аргументот за говор на омраза.

Пендаровски вели дека Бугарија е таа која што ќе проценува дали некоја изјава во Македонија е говор на омраза по што тој што ја кажал ќе мора да биде гонет кривично.

Ако не се гони човекот Бугарија ќе стави вето а тоа ќе се темели на бугарскиот став дека Македонија нема независно судство.

Пендровски кој со своите изјави станува еден од главните поборници против францускиот предлог истовремено признава дека вето ќе се добие и ако не се прифати дека Делчев бил Бугарин

Пендаровски призна: Ако Македонија не признае дека Делчев е Бугарин следува ново вето