Пендаровски ги прогласи Ковачевски, Маричиќ и Османи за неинформирани нереални политичари (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски ги прогласи премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи за неинформирани нереални политичари.



Индиректната оценката на Пендаровски се однеува на надежта на овие тројца и на други членови на владата дека ќе дојде до уставни измени на краток рок.

„Не можат од небо да паднат 8 пратеници“ – вели Пендаровски кој е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти за уставните измени
Светлана Унковска.

Уставните измени ќе нема ниту по доаѓање на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен идната недела смета шефот на македонската држава Стево Пендаровски, кој во интервју за магазинот Клик плус на ТВ21 вели дека такво нешто не може да се очекува со оглед на тврдиот и непроменет став на опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Ваквата негова изјава сепак е целосно различна од убедувањата на власта дека уставните измени ќе се случат.
Дел од интервјуто:

Стево Пендаровски: Знаете која е разликата меѓу мене и тие не е битно чие име и презиме спомнувате тие што велат така, јас сум добро информиран реалист.

Новинар: И нема да се случат?

„За овој период за кој кажувате? Таман работа. Па нешто би се случило, некакво движење во парламентот. Тоа е, не може од небо да падне и да речат 8 – 9 луѓе промениле страна, а до сега сите со нотарски изјави тврдат – никако не би гласале за уставни промени. И не гледам индиција некаква ни полујавна која упатува на таква разврска“, вели Пендаровски.

Деновиве и министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека се уште кај него има надеж дека ставот на опозицијата ќе се промени но и повторно рече дека со дел од пратениците имаат разговори да ги поддржат измените.

„Историјата ќе ги суди сите тие што оваа шанса ќе ја прокоцкаат заради еден повеќе пратенички мандат за нив или пак заради некој интерес на партијата. Преголемо е за такви калкулации. И третата траекторија се комуникациите кои што се разбира се случуваат во обид да се дојде до соодветно мнозинство за кое се разбира не можат да зборам јавно“, вели Бујар Османи.

Дека ќе има обезбедено двотретинско мнозинство постојано убедува и премиерот Ковачевски.

„На крајот нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Откако ќе бидат донесени уставните измени ние можеме да ги отвориме сите поглавја. Тоа ќе биде нов процес и импетус на држаата каде што ќе почнат реформи од сите аспекти“, вели Димитар Ковачевски.

За изјавите на опозицијата дека тие не ги прифаќаат уставните измени според бугарски диктат, Пендаровски вели дека тоа е навреда за другите земји членки на Европската унија.

„Да го наречеш францускиот предлог и на крајот формално-правно европската рамка за преговори бугарски диктат ги навредуваш сите. Прво Французите па сите останати. Значи со таа европска рамка која тие ја нарекуваат бугарски диктат се согласи и Франција како актуелен претседавач и Германија и Холандија, сите да не ги набројувам 27 земји членки со Бугарија“, порача Стево Пендаровски.

Неодамна претседателот Пендаровски рече дека со прашањето на уставните промени и продолжувањето на евроинтеграцискиот процес треба да се остави да го решава идното парламеантарно мнозинство.

Интервјуто во видеото