„Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција. Честитки, напиша претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот фејсбук профил на кој објави фотографија од припадниците на македонската Армија кои вчера учествуваа во спасувањето на пет годишниот Сулејман од урнатините во Турција.
По шест часа расчистување на урнатините и дополнителни четири часа петгодишниот Сулејман бил спасен.








