„Како и во времето на Ковид, за вакцините, така и сега, поради енергетската криза, ќе ја замолиме ЕУ за сличен пристап. Ние замоливме и преку нашето МНР тоа го правиме. Станува збор за криза без преседан“ изјави денеска на заедничката прес-конференција со словачката претседателка Зузана Чапутова.



Одговорајќи на новинарско прашање шефот на државата рече дека „земјава е високо зависна од увоз на енергенси и многу ќе ни значи, не само нам, туку на сите во регионот, ако ЕУ од своите фондови за вонредни ситуации одвои помош и за Западен Балкан“.

Според шефот на државата, за енергијата, како земја која почна преговори со ЕУ имаме поинаков статус и поголемо право да очекуваме поддршка иако се уште не сме членки.

Претседателката на Словачка, Чапутова во овој контекст потсети дека Брисел алоцираше средства за Македонија во процесот на транзиција и има посебен вид помош за земјава од ЕУ.

„Секоја од земјите е приморана да бара нови солуции. И ние сме скоро целосно зависни од енергетските ресурси на Русија, но бараме нови и добро ни оди во тој дел“, истакна Чапутова.