Пендаровски доби барање да не ,,држи го*на за херои”

Претседателот Стево Пендаровски доби барање поврзано со доделувањето ордени на повеќе личности од НОБ меѓу кои и Невена Георгиева Дуња и високиот комунистички функционер Крсте Црвенковски.



Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски смета дека шефот на државата не може да дава одликувања и да рехабилитира луѓе се додека не даде елаборација на настаните и личностите од македонската понова историја.

,,Не бе Претседателе.
Не можеш да одликуваш и рехабилитираш додека не дадеш објаснување.. Нека е и за Крсте Црвенковски. Не може говната кои го пратиле политичка пензија да ги држиш за херои ..ЕТЕ НЕ МОЖЕ..,Ова се прави во секоја земја од култура и од добро владеење”, му пишува Чкатроски на Пендаровски за Крсте Црвенковски кој заедно со Славко Милосавлевски се смета за првиот македонски дисидент во комунистичка Југославија.

Наспроти политиката на струјата на Лазар Колишевски, политиката на Црвенковски е во насока на поголемо почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација и во таа насока тој се залага за поголема самостојност на републиките во федерацијата. Во раните седумдесетти им дава поддршка на предводниците на Хрватската пролет, поради што кога централното југословенско раководство решава да се пресмета со т.н. „либерали“, во Македонија една од главните жртви ќе биде токму тој.

Во 1972 година Црвенковски сè повеќе е напаѓан од догматското крило во Партијата за во декември истата година на затворен состанок на македонското раководство да биде остро критикуван. На 36-та седница на ЦК СКМ, одржана во јануари 1973 година, Црвенковски се одлучува да изврши своја самокритика, по што му е дозволено да го заврши својот мандат на член на Претседателството на СФРЈ. По завршувањето на мандатот на оваа функција во мај 1974 година, Црвенковски како политички неподобен ќе биде целосно маргинализиран и до распадот на Југославија нема да врши никаква јавна функција.

На почетокот на плурализмот тој е дел од Иницијативниот одбор за формирање на Социјалдемократската партија на Македонија, но се повлекува уште пред да биде формирана партијата. Остатокот од животот го поминува, пишувајќи мемоарски записи.

Татко е на поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор во Велика Британија, Стево Црвенковски.

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија ги додели одликувањата Орден на Република Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.

Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно беше одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество.

Неговата визија и неговиот конкретен влог во формирањето на македонското општество, културата и на политичката прогресивна и еманципациска патека е од непроценливо значење. Црвенковски активно се застапува за рамноправноста и за посебноста на народите и на плуралистичките културни идентитети во општеството, како и за легитимните интереси на републиките и на нивните народи и народности, како основа за градење на сојузната политика.

Тој е еден од најзначајните, најпрогресивните и водечките политичари во историјата на македонската државност, којшто остава трајни вредности во развојот на политичката култура.

Орденот го прими ќерката на Крсте Црвенковски, Емилија.

Орденот за невена Георгиева – Дуња го прими нејзиниот брат Љубиша Николовска
Со Орден за воени заслуги, претседателот постхумно ја одликува Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.

Невена Николова Георгиева – Дуња е првата македонска партизанка, којашто била дел од Народноослободителната војна. Таа е пример за тоа дека младоста во заедништво со зрелоста, истрајноста и со посветеноста се предуслов за создавање прогресивни општествени и идеолошки наративи.

Орденот му беше врачен на братот на Невена Георгиева – Дуња, Љубиша Николовски.

Со Медал за храброст беа одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дафинка Богоева. Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата.