Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Сител“ вели дека неспорно е дека Гоце Делчев е еден од темелите на македонската државност кој се борел за автономна и самостојна Македонија.



„Еве ви еден практичен пример. Денес, јас или вие ако бараме бугарско државјанство мора да се пишеме, не само ние туку и сите наши предци дека се Бугари, дали е точно тоа или не меѓутоа за да добиете бугарско државјанство во 2019 вие мора да се пишете за Бугарин.

И сега сакате да ме убедите дека во тој историски контекст, повторувам и инсистирам на тоа, во тој историски контекст 1900 – 1901 година дека Гоце Делчев можел да се пише Македонец? Такви биле околностите во тој период, рече Пендаровски во интервјуто за Сител.

„Неспорно е дека тој е еден од темелите на македонската државност. Што е спорно околу тоа?“, вели Пендаровски во интевјуто за Сител.