Веднаш да се донесат законски измени со цел да се оневозможи користење на контроверзни историски имиња на бугарските здруженија во Македонија, изјави за Сител претседателот Стево Пендаровски.



Тој апелира за постојните бугарски клубови надлежните институции соодветно да реагираат.

„Зачестените бугарски здруженија во Македонија не се случајни и прават политичка штета“ смета шефот на државата Пендаровски.

Откако во петокот во Охрид се отвори културен центар со името Цар Борис 3, а пред неколку месеци и „Ванчо Михајлов“ во Битола, Централниот регистар потврдува дека стигнала пријава за нов бугарски клуб „Цар фердинанд“ во Богданци.

Фердинанд буди негативни асоцијации кај Македонците, а целиот процес има политичка димензија.  

“Тоа е некоја тенденција со која се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис трети се симбол на окупацијата на Македонија” сметаат историчарите .