Претседателот Стево Пендаровцски вели дека главните позиции на бугарската политика кон нас се идентични во последните 70 години.
„Основоположникот на тие позиции дека не постои македонски јазик и народ е Тодор Живков. Бугарската власт и опозиција немаат излезено од матрицата на Живковизмот“, рече Пендаровски во интервјуто за Трилинг на ТВ24.
За претседателот, антибугарската кампања е дека не треба да чекаме што ќе се случи во иднина, туку тоа што се случува сега и додава дека не би сакал да навлегувал во деталите.
Според него, не постојат реални шанси Македонија и Бугарија набрзо да најдат решение за овој билатерален проблем кој стана нов проблем за земјава на патот кон ЕУ.





