Претседателот Стево Пендаровски уште еднаш ја реафирмира својата поддршка за вклучувањето и на Бугарите во Преамбулата на Уставот заради отпочнување со вистински преговори за членство во Европската унија.
„Опозицијата сосем свесно, сосем намерно, се разбира, ги замени тезите (со предлогот за Преамбулата на хрватскиот Устав – н.з.). Значи ние и јас, од ‘Преспа’ наваму, барем од првата блокада за ЕУ пред три години, велиме дека ако се и Бугарите во Уставот, тоа не ја растура државата. Не може да ги поткопа стабилноста, перспективите итн. Кога веќе имаме шест делови од народи, плус македонскиот, не гледам проблем ако се стават и делови од бугарскиот, црногорскиот, хрватскиот итн. Ако имаш повеќе наброени народи или делови од народи не се растура државата, нема опасност дека таа ќе оди во дисолуција“, изјави Пендаровски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.






