Пендаровски: Ако е проблем коронавирусот, дајте месец-два да го одложиме пописот, но…

Во синоќешното гостување на ТВ21, претседателот Стерво Пендаровски одговари на прашањето дали останува на ставот дека можеби треба да се размисли да се одложи пописот за неколку месеци.



„Јас кажав пред неколку месеци. Ако е проблемот коронавирусот, дајте месец – два да го одложиме, по претпоставка дека ширењето на вирусот ќе биде редуцирано.

Сега и тоа се покажа како неточно.

Доцнењето на вакцините влијае. Еве ја следиме ситуацијата во Србија каде имаат голем број на вакцинирани. Бројките, за жал, не се така добри. А, рестриктивните мерки во Србија не се поразлични од нашите“, изјави Пендаровски.