Пендаровски со почит за кралицата Елизабета Втора, „пример за лидерство, скромност и великодушност“

Претседателот Стево Пендаровски се јави на социјалните мрежи од Лондон, каде што пристигнаа денеска со сопругата Елизабета за да ѝ оддадат последна почит на британската кралица Елизабета Втора, опишувајќи ја како „пример за лидерство, скромност и великодушност“.