Унгарската претседателка Каталин Новак доби на подарок шарпланинец од шефот на државата Стево Пендаровски, јавува Фактор.
Претседателката Новак денеска е во официјална посета на Македонија и предвидено е заедно со македонскиот колега да го посетат гробот на Гоце Делчев.
Предвидена тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Во агендата на унгарската претседателка предвидени се и средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.






