Во вечерашната дебата на Телма Пендаровски ја праша противкандидатката Гордана Силановска како ќе го подобри Договорот од Преспа, а потоа тоа да биде ратификувано и во грчкиот Парламент.



Професорката Силјановска претходно рече дека ќе го почитува новото уставно име, но како индивидуа никогаш нема да рече Северна.

„Не ми е јасно како Сиљановска како претседател ќе го почитува и применува новото име, а како индивидуа ќе го одбегнува“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека е можно менување на преспанскиот, но потребна е согласност од двете страни.

„Еве нека каже Сиљановска како планираат да го сменат, дали да издејствуваат признавање на македонскиот јазик што веќе е издејствувано, што подобро ќе направат од овој Договор, а во истовреме ќе биде ратификувано и во грчкиот Парламент?, праша Пендаровски.