„Сакам да ве смирам. Ја добивам мојата терапија. Медицинскиот персонал се грижи за мене и благодарен сум. Имам голема верба во Бог и секоја порака која ја добивам ми дава сила. Исто така, Бразил на Светското првенство ми дава посебна енергија“, порача фудбалската легенда Пеле, откако вчера во медиумите се појави вест дека повеќе не му одговара хемотерапијата.
Пеле минатата година беше на операција со која му беше отстранет тумор на дебелото црево, по што мораше да оди на терапии и контроли.
Пораката, Пеле ја прати преку неговиот профил на Инстаграм.
Извештаите во Бразил велат дека 82-годишникот, кој e во болница минатата недела, добивал мерки за ублажување на болката во одделението за „палијативна нега на крајот на животот“.
Тие, исто така, рекоа дека тој „повеќе не реагира на хемотерапија“ во неговата борба против ракот на дебелото црево.

Од Доха, Катар, со повеќе од 100 дронови му беше испратена честитка за побрзо оздравување на легендата на бразилскиот и светскиот фудбал.







