Пекинг: САД „играат со оган“ во Тајван

Канцеларијата на Државниот совет на Кина соопшти дека Соединетите држави играат на „тајванска карта за да ја зауздат Кина“…



Предупредувањето доаѓа по изјавата на претседателот Џо Бајден дека Вашингтон воено ќе го брани Тајван доколку островот биде нападнат од Кина.

Кина ги повика Соединетите држави „да престанат со какви било приговори или дејствија што ги прекршуваат претходно воспоставените принципи меѓу Пекинг и Вашингтон“.

Говорејќи во Токио, за време на патувањето во Азија, Бајден одговори со недвосмислено „да“ на прашањето на новинарите дали САД „воено ќе се вклучат“ во одбраната на Тајван доколку биде нападнат од Кина.

Бајден: САД би употребиле и сила да го одбранат Тајван

„Тоа е обврска што ја презедовме“ , рече Бајден

Иако Бајден е склон кон гафови, ова не е првпат да ја изрази својата посветеност на безбедноста на Тајван.

Американскиот претседател во октомври изјави и дека САД ќе го бранат Тајван доколку Кина се обиде да го преземе островот.