Кина, официјално го честиташе изборот на Џо Бајден за претседател на САД.
„Ние го почитуваме изборот на американскиот народ. Честитки за г-дин Џо Бајден и г-ѓа Камала Харис (потпретседател)“, соопштија од Министерството за надворешни работи на Кина.
Кина досега беше една од суперсилите кои не му ја честитаа победата на Бајден, како и Русија, Бразил и Мексико.
Во Москва сепак одлучија да почекаат: „Веруваме дека е фер да се чека официјалното објавување на резултатите од изборите“, рече во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.





