Кинеското Министерство за надворешни работи го обвини американскиот претседател за „политичка провокација“ откако Џо Бајден го нарече Си Џинпинг „диктатор“.
Коментарите на Бајден „сериозно го нарушија политичкото достоинство на Кина“, рече во средата портпаролот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг.
Бајден: Кинескиот претседател е диктатор
„Изјавите не американската страна се крајно апсурдни, крајно недоговорни, контрадикторни се со фактите, сериозно го нарушуваат дипломатскиот бонтон, претставуваат сериозно нарушување на политичкото достоинство на Кина и отворена политичка провокација“, истакна на редовниот брифинг портпаролката Нинг.







