„Стравувам дека власта во моментов размислува да употреби недемократски методи, за да го обезбеди потребното двотретинско мнозинство и да ги направи потребните уставни промени и ги внесе Бугарите во Уставот, како кога се менуваше уставното име на земјава. Се надевам дека опозицијата сега за разлика од тогаш ќе биде подготвена да се справи со ваквиот чекор на власта“ – изјави политикологот Синиша Пекевски при гостувањето во емисијата „Утрински печат“.
„Слободен печат“ објави: Пекевски ја изнесува својата желба годинава во Македонија да се подржат предвремени парламентарни избори. „Тоа го посакувам, бидејќи оваа владејачка гарнитура не е компентентна, ниту способна да реши најбанални работи а камоли посериозните национални предизвици. Се случува хаос во затворскиот систем, секој дословно може најнормално да избега од затворите и сето тоа да се исценира како филмско бегство. Луѓето можат слободно да избегаат од затвор. Сето тоа докажува дека оваа власт нема капацитет за водење на државата“ – нагласува Пекевски
Тој се осврна и на тоа колку се можни предвремените избори да се случат годинава и колку опозицијата има капацитет да го распушти сегашниот собраниски состав на пратеници. „Не сум убеден и дека опозицијата во моментов има капацитет да се справи со политичките предизвици, кои и се случуваат на Македонија како држава во моментов. Политичките партии ги бркаат и не ги сакаат способните кадри во своите редови и поради тоа ни се случува ова, што ни се случува. Се она што е квалитетно на брза лента ја напушта државата токму поради партизираноста на општеството.“ – посочи овој политички аналитичар.
Тој говореше и за јаловите обиди на власта во борбата со корупцијата, за актуелниот рејтинг на политичките партии, но беше мошне критичен и кон актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Видео-интервјуто тука:





