Седат Пекер, кој беше обвинет дека е водач на криминална организација, по повеќечасовно молчење со објава на социјалните мрежи ги негираше обвинувањата дека бил „приведен од полицијата во Дубаи“, објавија турски медиуми.
Сепак Пекер потврдува дека бил однесен во полиција од резиденцијата во Дубаи.
„Драги мои пријатели, од пладне го напуштив местото каде што престојував но заедно со полициските власти. Сега се вратив на местото каде што престојувам со моето семејство. Имавме меѓусебен разговор поради интензитетот на обвинувањата против мене. Тие пак мене ме известија дека нема проблем да заминам или да останам во земјата, напишал Пекер.
Претходно турски новинар објави дека криминалецот Седат Пекер е уапсен во Дубаи, откако турските власти претходно издадоа налог за апсење по него. (Фактор)







