Во текот на денов се очекува да биде соопштен ставот на пекарите по синоќешната Одлука со која производителите на леб се обвзуваат да продаваат леб со „замрзната цена“, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.
Одлуката ја сподели министерот за економија Крешник Бектеши на својот официјален фејсбук профил. Одлуката предвидува и обврска за трговците на мало кои продаваат леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.
„Денеска во Стопанската комора ќе има прес-конференција на која ќе го соопштиме ставот“, велат за МИА утрово претставници од пекарската индустрија.
Вчера пекарите рекоа дека останува во сила нивната одлука од понеделникот, да не испорачуваат бел и полубел леб во продавниците.
Владата во вторникот ја донесе Одлуката да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб до 450 грама на 33 денари.







