Игор Пехчевски кој е болен д цистична фиброза, со серија објави на Фејсбук реагира на изјавата на министерот за здравство Фатмир Меџити кој за пациентот рече дека е „шоумен“ бидејќи постојано го барал лекот „Трикафта“.



„Нема и не ви дозволувам да ме умрете млад“, порача Пехчевски и побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби.

„И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас“ вели Игор и порачува:

Жестока реакција дојде и од новинарот Сунаи Сабриоски:

„Министре Меџити па имате ли образ? Ако Пехчевски, пациент со цистична фиброза, е шоумен, прашањето ми е кој тоа го доведе Пехчевски да се претвори, според вас, во шоумен? 

Министре Меџити, дали пациентите со ЦФ кои неколку пати протестираа, се исто така според вас шоумени, и дали на тие протести како и тој на Пехчевски гледате како на приредено шоу во кое пациентите молат за лек кој постои? 

Министре, добивте 78 отсто покачена плата и фотелја, наместо да етикетирате пациенти седнете запотете ја таа удобна фотелја и дајте им го на овие пациенти тоа што го бараат за да продолжат да живеат! 

Какво недолично и ниско однесување во отсуство на конкретни одговори. Кога не ви одговараат новинарите ги ставате во кош на манипулативни и дрски, во недостиг на одговор фрлате камења со кои самите може да се погодите, ама како ќе се погодите кога сте презаштитени. 

Крајно одвратно е да се каже за било кој пациент, во случајов Игор Пехчевски дека правел шоу преку медиумите за јавноста! Од тоа, според вас шоу на Пехчевски, голем дел од јавноста дозна за проблемите на овие пациенти, транспарентот на Пехчевски САКАМЕ ТРИКАФТА беше одраз на неспособноста на севкупниот систем да им се даде тоа што впрочем го заслужуваат“ – му порача Сабриуоски на микнистерот за здравство Меџити.