Сведоци на вчерашниот инцидент во скопска дискотека велат дека вчера се случила непотребна репресија од страна на МВР кое го води Оливер Спасовски.
Иако се работело за наводна редовна контрола дискотеката била блокирана 1 час и 45 минути.
Дали се работи за нарачка која МВР ја спроведува по барање на конкурентски локали или навистина имало потреба за робустна операција со вооружени полицајци е тешко да се каже.
Според МВР интервенцијата била во рамки на законската процедура.
Според сведоците се работи за репресија на младите луѓе кои наместо да се забавуваат морале да гледаат вооружени луѓе пред нив.
,,Тоа што се случи синоќа во дискотека “PURE” го нема најверојатно никаде во светот.
Државичкава ни се испразни, млади нема ни за лек, дефицит од секаков аспект…а полиција тренира строгочу и на овие малку што останаа.
Да влезеш во дискотека со 50 наоружени и униформирани лица, при тоа надвор да чекаат уште толку, да гасиш музика од 00:30ч до 2:15ч и сите да ќутат и да чекаат полицијата да си ја заврши “работата”, а платиле карта да се забавуваат, е безмалку репресија и заплашување какво што сигурен сум дека на други места не се демонстрира. Еееј странци воодушевени од дискотеката, нѐ фалат дека имаме светска дискотека со најјак stage и влагаат 50 плавци да изиграваат кловнови. Како да им објасниш на луѓево дека рутински било тоа, а не е акција за антитероризам како што изгледа?
Сивило владее во сите сфери на општеството, апатија вклучена на најјако…не знам кој уште сака да биде тука и да го трпи сево ова. Неиздржливо е и мизерно.
Ја однесовте државава со се партали, натанкиравте породично благо за десет поколенија и правите театар за мачкање очи, као вие водите држава нешто.
Свесно го уништувате животот на секој млад човек. И за тоа сте директно виновни. Ќе треба и еден ден да кажете зошто ја украдовте младоста на илјадници млади перспективни момци и девојки.
Или ќе се дигнеме сите за да опстоиме или гасете светло и да си бегаме. Ова не се трпи веќе.
Брука!
Брука белосветска!”, пишува сведокот Данијел Апостоловски на Фејсбук.






