Педер: Катастрофа за Макрон, Лепен со десет пати повеќе пратеници

Шефицата на париското биро на весникот Економист Софи Педер вечерва јавува за драматичен развој на настаните во Франција каде претседателот Макрон ја загуби контролата врз националното собрание.



,,Катастрофа за Макрон кој вечерва го губи парламентарното мнозинство.
Ова е проекција на седиштето на агенцијата ИПСОС. Тоа покажува дека центристичката алијанса на Макрон освои само 224 места, што е помалку од 350 во 2017 година. Левичарскиот сојуз на Меланшон NUPES обезбеди 149.

Најголемо изненадување е порастот на партијата на Мари Ле Пен, која од 8 места во 2017 година сега добива 89 места во Парламентот”, пишува Педер која пренесува резултати од француски експерт за јавно мислење и истражување.