Минатата година имало пад за 24 проценти на парите кои печалбари ги спраќаат во Македонија, а годинава се очекува постепено стабилизирање, но не и враќање на нивото пред кризата, оценува гувернерката на Народната банка, Анита Ангелоска Бежоска. Дознаките од странство, како што информираше, претставуваат значаен извор на девизни приливи во нашата економија и во просек во преткризниот период изнесувале околу 15 проценти од БДП. 



Согласно со нашите очекувања, но и очекувањата на меѓународните финасиски институции во глобални рамки, нагласи Ангеловска Бежовска, дојде до пад односно забавување на приватните трансфери во услови на пандемијата.

„…главните причини може да се лоцираат во два пункта – прво пандемијата која секако ги погодува синхронизирано сите економии, пазарите на труд, го намалува и расположливиот доход на нашите иселеници и оттаму можноста и капацитетот испраќање на дознаки и второ рестрикциите во делот на мобилноста, што е всушност видливо кога ќе се погледне самата структура приливите по основ на дознаките. 

За оваа година по падот имаме постепено стабилизирање на износот на дознаките, но и  не очекуваме дека тие оваа година ќе се вратат на преткризното ниво, рече гувернерката одговарајќи на новинарското прашање пренесува порталот Pari.com.mk.