Според ревизорскиот извештај од 2021, заклучно со септември 2020 година, Општина Охрид имала 11.585 предмети за оценување на правниот статус на бесправно изградени објекти.



Проблемот со дивоградбите е едно од посериозните прашања коишто можат да го загрозат статусот во УНЕСКО.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков смета дека предлогот за конфискација на диво изградените објекти е неприменлива особено покрај Охридското крајбрежје.

„Кај нас има појас на кој сепак ќе мора да има уривање на објекти.

Во останатиот дел на градот немам ништо против да се конфискуваат објекти место да се уриваат“, вели првиот човек на Охрид за Дојче веле. 

Мисијата на УНЕСКО во 2020 година препорача да се комплетира и уривањето на терасите на брегот на Охридското Езеро, да се забрза уривањето на дивоградбите и се изработи Акциски план. Рокот од три години за исполнување на обврските истекува на крајот на 2023 година.