Пеачката Стефа не ја осуди војната во Украина и оти „таа ја поддржа Македонија со војска против УЧК и автохтоните Албанци“

„Повеќето албански уметници ја осудија војната што се случува во Украина. Но, една од албанските пејачки изненади со нејзина објава, каде што наброи некои од моментите кога Украина беше против Албанците.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат додава: „Ровена Стефа преку објава на општествената мрежа инстаграм кажа дека ‘Украина ја поддржувала Србија во борбата против Косово во текот на 1998/1999 година’. Очигледно пејачката не сакала да ја поддржи украинската држава.“

Инаку, медиумите ја објавуваат целосната објава на една од најпознатите пејачки од Албанија Ровена Стефа, која на инстаграм напиша:
„Украина ја поддржа Србија на Слободан Милошевиќ во војната против Косово во 1998 / 1999 година и таа испрати платеници, за да војуваат против албанскиот народ.“
„Украина ја поддржа Македонија со војска против УЧК и против автохтоните Албанци.“
„Украина се спротивстави силно на независноста на Косово.“