Вчерашната вест дека на влез од Албанија во Црна Гора во возило управувано од македонски полициски службеници била откриена дрога, предизвика изненадување, лутина, критики, но и потсмев во јавноста.
Особено „објаснувањето од МВР дека полициските службеници не ни знаеле дека во автомобилот во бункер имало марихуана.
„Пазете на автопазар, клаваат дрога во колите. Особено во серија Chraysler Voyager 2016, преку овластениот дилер во МВР“, реагираше пратеникот Антонио Милошоски.
На социјалните мрежи се појави и предупредување:
„Пазете кога купувате кола, клаваат дрога во колите“.

Според објаснувањето, догата се наоѓала во „бункер“ во возилото што било запленето уште во 2016-та година, а дадено на користење на МВР.







