Законот со кој се бараат дополнителни пари за лиценца за продажба на пазарите е причина за денешниот протест на кој пазарџиите го блокираа булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Продавачите од Зелен Пазар, протестираат пред Собранието на РМ.
„Зошто дополнителни пари, па ние секој ден плаќаме и за одење во тоалет“ вели една од учесничките на протестот.
Лиценцата за тезгите чини 3.600 денари, а за втора тезга, треба да платат дополнителни 2.400 денари.
Со новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.




