Грчкиот претседател Прокопиј Павлопулос денеска ѝ порача на Турција дека во Грција „секогаш сакаме да имаме добри односи, ја поддржуваме нејзината европска перспектива, но тоа бара почитување на Европската унија и на грчките граници, а ние не сме подготвени да правиме отстапки“.
Павлопулос изјави дека непочитувањето на границите претставува непремостлива пречка за членство во ЕУ и процесот на пристапување на овие земји во Европската унија.
Тој, исто така, истакна дека Европејците се подготвени да ги заштитат овие граници и јасно стави до знаење дека тие се јасно дефинирани со меѓународното право. Секој мора да ги почитува границите, а особено државите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, истакна Павлопулос.
Пораката на Павлопулос доаѓа по соопштението на турското Министерство за надворешни работи во кое , меѓу другото, се вели дека двете воздушниот простор и територијалните води околу ненаселените островчиња Имија во источниот Егеј – се турски.
Во 1996 година, меѓу Грција и Турција изби сериозна криза поради спорот за територијалната надлежност вез островите, а тоа се случи и оваа година во јануари.





