„Ако постоела намера кај бугарскиот премиер Кирил Петков да преземе иницијатива во бугарскиот парламент за повлекување на ветото за македонските евроинтеграции, таа е ‘осуетена и интервентно политички ампутирана’ вчера, со ‘падот’ на претседателот на тамошното Собрание Никола Минчев.“ – вели Јасминка Павловска во својата анализа со наслов „Парламентарна криза – може, повлекување на ветото – не може“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Павловска пишува: „Министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска пред пратениците рече дека советник на премиерот Петков испратил предлог со кој се ревидира бугарската позиција кон Македонија, но тој бил одбиен од МНР. Според Генчовска, во предлогот на советникот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков била сугерирана содржина за ревизија на бугарската позиција спрема Македонија.“
Според нашите извори, во документот ‘не бил вклучен актуелниот став на Бугарија за македонскиот јазик, а не биле вметнати ниту предуслови за гаранции од ЕУ дека ќе се почитува Договорот за добрососедство’. Генчовска навела дека МНР одбило да даде мислење за предлогот за промена на бугарската позиција, бидејќи се работело за ‘грешен’ документ. Генчовска кажа во Парламентот дека премиерот Петков ветил оти ќе го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство, за време на неговата средба со еврокомесарот Оливер Вархеи.’ Наводно, Петков се пофалил дека ‘Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад него’.“
„Со најновиот развој на настаните во бугарскиот парламент дополнително се усложнуваат ионака малите можности за повлекување на тригодишното бугарско вето за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Tамошни извори сигнализираа дека премиерот Петков е подготвен самиот, без поддршка на парламентот и претставниците на владината коалиција, да го симне ветото за Македонија, и тоа на наредниот министерски совет на ЕУ, закажан за 23 јуни во Париз. Меѓутоа, сѐ уште е нејасна претставата за состојбите таму, не само во бугарската јавност туку и во бугарските национални установи, но и во највисоките институции на Унијата…“
„Пендаровски: Во Македонија не пристигнал француски предлог за надминување на спорот со Софија“„
„Во македонската јавност постоеше голема резервираност и скептицизам околу можноста за повлекување на бугарското вето за почеток на преговорите и пред случувањата во Собранието на Бугарија. За време на форумот ‘Преспа’ македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека до вчера во Македонија немало пристигнато никаков француски предлог за надминување на спорот со Софија. Францускиот предлог, кој ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, според објавените неофицијални информации, предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија.“
Интернет-врска до целата анализа:





