Проверките кои ги направила Антикорупциска покажале дека тројца претседатели на Судови низ Македонија немаат покритие за својот имот, вели професорката на Правниот факултет во Скопје, Ана Павловска Данева.



„Ние слушнавме дека од Антикорупциска ќе ја проверат имотната состојба на 500 судии, а успеаја само на претседатели на судови.

Она колку што се сеќавам, и тоа во јавноста не беше многу експонирано, мислам дека најдоа кај тројца претседатели на судовите надминување на имотот во споредба со тоа какви примања имаат.

И што направи ДКСК освен една прес конференција?, прашува Данева како што пренесува Инфомакс.