Павлов: Според сфаќањето на овие луѓе, наместо по Вапцаров, подобро да го крстеа клубот по Тито или по Путин!

Бугарскиот историчар Пламен Павлов со тешка навреда за луѓето што стојат зад отворањето и што го поддржуваат македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.



„Со оглед на разбирањето на овие луѓе, можеби ќе беше подобро да се вика ‘Маршал Тито’, а не ‘Никола Вапцаров’. Мислам дека идеолошки се многу поблиски…или можеби ‘Владимир Путин’. Генерално, ова е дел од таа провокативна политика за поделба и внатрешна ерозија на општествата во Бугарија и во Северна Македонија“, коментира Павлов за Бугарското национално радио (БНР), според кој станува збор за „стандардна провокација со низок квалитет и обид за воскреснување на македонизмот во неговата најбрутална форма“.