Историски апсурд е барањето на македонските претставници во заедничката Комисија за „пеглање“ на историјата, Македонија да не биде дел од „старата“ историја на Бугарија во бугарските учебници.
Иторичарот и професор Пламен Павлов, вели дека нема објаснување зошто бугарската страна молчи за првиот состанок на бугарско-македонската комисија кој се одржа минатата недела.
„Не е нормално да се дознава од македонските медиуми за тоа што го бара македонската страна“, изјави историчарот за бугарски „Фокус“.
Тој гледа „зацврстување на македонистката линија, некаков контранапад против вистината, што во никој случај не одговара на договорот за добрососедство“.
Професорот вели дка „не можеме да се откажеме од ништо кога станува збор за целата бугарска историја“ и апелира колегите од бугарската страна на комисијата да кажат што точно се случиувало таму (на заедничката средба на 5-6 октомври).
„Бугарската држава треба да обзнани што се дискутира во оваа комисија“, вели професор. Павлов.
Инаку, само Сител ТВ , објави дека државата на Самоил била прва тема која треба да биде ревидирана во учебниците за историја во Македонија и Бугарија и дека за тоа разговарале членовите на мешовитата македонско-бугарска комисија, „бидејќи на Бугарите им пречи државата на Самуил да е претставена како македонска, а на македонските – бугаризацијата на Самуилова царство“.
Македонската страна побарала Македонија да биде отстранета од листата на бугарски региони во учебниците за стара историја во Бугарија, пренесува бугарски медиум.
Мешаната комисија беше формирана со одлука на двајцата премиери – Бојко Борисов и Зоран Заев согласно Договорот за добрососедство потпишан лани.





