Бугарскиот историчар вели дека доколку во една или во друга форма Македонија ги признае бугарските корени, „не треба да треба да сопреме, туку да ги ги просветиме нашите сонародници таму“.
Професорот Пламен Павлов за агенцијата „Фокус“ вели дека треба што поскоро треба да се тргне во „просветување“ на сонародниците во Македонија каква е вистината за историјата на „оваа исконска бугарска земја“.
Според него напорите што ги прави бугарскиот културен центар во Скопје не биле доволни.

Во врска со денешното заедничко претседателство со Берлинскиот процес во Софија Павлов вели дека е скептик.
„Тоа кое продолжува толку години, во голема мерка се граничи со безумие. И Зоран Заев и целата елита во с. Македонија –политичка, културна, уметничка – во огромен дел добро ја знае вистината за историјата на таа бугарска земја (Македонија – н.з.) за потеклото на нивните предци“ вели професор Павлов.
Тој вели дека никој во Бугарија никому не му го одрекува правото да се самоопределува што е.
„Но да се одрекува се’ и да се бараат несуштински корени на таканаречениот македонски идентитет е нешто со што с Македонија мора да запре“, вели Павлов.





