Павлопулос: Посетата на принцот Чарлс е историска

За грчкиот претседател посетата на принцот од Велс на Грција е „историска“, зашто тоа е првпат наследникот на британскиот престол да дојде во официјална посета нао Грција.



Прокопис Павлопулос и сопругата го поздравија принцот од Велс и Војвотката од Корнвол, Камила, во Атина на почетокот на нивната тридневна посета на Грција.

„Никогаш не го забораваме лордот Бајрон, [битката кај] Наварино и заедничките борби на двете земји во две светски војни. Оваа посета е уште едназначјана  алка во синџирот на пријателство што го имавме од формирањето на грчката држава“, рече тој.

Павлопулос, исто така, ги спомена грчките корени на принцот Чарлс преку неговиот татко, принцот Филип, војводата од Единбург, и изрази надеж дека во иднина ќе следат повеќе посети.