Павлопулос: Барањето за репарација од Германија е активно

Грчкиот претседател вчера повтори дека Грција не се откажува од побарувањата од Германија за репарација за уништувањата за време на Втората светска војна.



За време на одбележувањето на 75 годишнината од уништувањето на градот Калаврита Прокопис Павлопулос рече дека грчките барања не застареле и имаат основа во одредени регулативи на меѓународното право.

„Долго нагласувам и сé уште повторувам дека барањата на Грција за заемот земен за време окупацијата и за  репарација за жртвите од окупацијата се правно активни и законски спроведливи“, рече Павлопулос.

Грците им одаваат почит на жртвите на „ злосторство во Грција за време на Втората светска војна“, рече Павлопулос, испраќајќи  порака дека тоа нема да се заборави.

Грција и Полска можат заеднички да ја притиснат Германија за воените репарации