Воскопулос: Во Грција нема историчар позитивен за Македонија

Еден од лидерите на партијата на Македонците во Грција Павле Филипов Воскопулос му одговара на историчарот Димитар Љоровски Вамваковски кој вели дека Грците и Македонците не се познаваат и дека во Грција живеат нормални луше како и во Македонија.



“Има нешто многу важно и разлика помеѓу народот во Грција и Република Македонија. Југословенското од минатото остави позитивна хипотека околу познавање соседните народи и култури. Без предрасуди особено кон јужниот сосед, (ово го доживеав студирајќи 1983-88 Белград).

Во Грција обратно. Сите генерации “учеле” за одбран народ-нација околу Грција а соседните народи нецивилизирани… Дури и почетокот на ’90-те во Републиката внимателно околу Грција а во Грција “леле мајко” против “Скопјаните”. Логично беше да му “пукне филмот” на просечен Македонец во врска со Грција особено после 2008 година и спречување од Грција на Македонскиот пат кон Евро-Атланските структури.

Јас имам “среќа-несреќа” да бидам Македонец во Грција, да имам Македонска свест, да познавам се и сешто окулу Македонското и во исто време како “Грчко дете” дури и финесите на Грчката психологија, политика и не само окулу Македонското прашање. Најпозитивно пишува Димитар Љоровски но тешко ќе најде нешто слично да пишува Грк историчар за Македонците”, тврди Воскопулос во одговорот до Љоровски.

Љоровски: Грците не се “Цигани”, тие се нормални како нас