Павле Трајанов: Неприфатлив „трансферот“ на БЕСА

Во синоќешното гостување на ТВ21, претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов рече дека за него е неприфатливо да се прави „трансфер“ од една на друга страна од власта, мислејќи на потегот на Беса, која ја напушти досегашната власт и формира ново парламентарно мнозинство заедно со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива и Левица.



„Беса беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници 4 сега дали се потенцијал на Беса или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо, рече Трајанов“.

Според Трајанов, новото парламентарно мнозинство е вовед во предвремени парламентарни избори.

Имам резерви дека Беса комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство, затоа што таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуацијата, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса“, вели Трајанов.